Земјоделците од Гевгелија ќе добијат 4 милиони денари за претрпените штети

Околу четири милиони денари ќе им бидат исплатени на 145 граѓани за претрпените штети на земјоделските посеви од обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија општина Гевгелија во март 2009-та година. Советот на општината денеска донесе одлука за исплата на овие средства.

Сумата претставуава десет отсто од претрпената штета согласно Елаборатот што беше изготвен веднаш по невремето и воедно е последна трета рата од вкупното обесштетување кое беше утврдено од Владата на Република Македонија.

Во јануари 2010-та година беа исплатени 15 отсто или околу шест милиони денари, во август истата година уште пет отсто, односно два милиони денари и сега ќе бидат исплатени последните десет отсто од утврдената штета.

14.02.2014 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа