Десетина средношколци од Гостивар на Токсикологија откако се затруле со гас - Груевски на пат кон болницата

Труење во Гостивар. Најмалку 7 средношколци  одсекономското училиште во Гостивар, според информации на zdravstvo24,  попладнево се донесени на Клиниката за Токсикологија со симптоми на труење. Сите тие се жалеле на гушење. Засега нема официјална потврда како и од што се затруле среношколците, но според извори на zdravstvo24, се претпоставува дека вдишале некаков гас. Според првичните информации од Токсикологија нема пациенти во животнозагрозувачка состојба. Но од Клиниката имаат најави дека вечерва ќе бидат донесени уште неколку деца кои ги имале истите симптоми. На хоспитализираните им е земена крв за да се утврди од што настанало труењето. Од Токсикологија подетални информации најавија за утрешниот ден

Во меѓувреме од кабинетот на премиерот Никола Груевски ифрмираат дека шефот на Владата веќе се упатил кон болницата и дека во секој момент треба да пристигне за да ги посети средношколците и на лице место да се запознар со нивната здравствена состојба

14.02.2014 - 21:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега