Викендов сонце наредната недела 20 степени - уживајте!

 

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Повардарието повремено умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.

Во недела и во почетокот на наредната недела ќе се задржи стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината. Дневната температура во недела ќе се движи од 12 до 17, а во почетокот на наредната недела од 14 до 20 степени. 

15.02.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа