Бокрош: Сакам да и помогнам на Македонија - блокадата на Грција е срам за ЕУ

Унгарскиот европратеник Лајош Бокрош, вели дека членовите на Европскиот парламент не се свесни дека Македонија има кандидатски статус речиси десет години. Во интервју за Дневник, членот на групата на европски конзервативци и реформисти, вели дека помага колку што може за да ја види Македонија во семејството на ЕУ.

- Искрено, не знам, ама се обидувам да помогнам колку што е можно, и би ја советувал македонската Влада да дејствува директно преку амбасадите во земјите-членки на ЕП. Македонија може да си помогне самата, ако го направи својот случај повидлив во Парламентот. Без оглед колкупати ќе им кажам на пратениците дека ова е срамно за Европскиот парламент, поточно за Европскиот совет, тие единствено велат дека не можат да помогнат, бидејќи Грција го блокира напредокот. Мислам дека Грција нема право да блокира, а, од друга страна, не мислам дека во ситуација кога на Грција ~ треба финансиска помош, Германија, Франција и други земји не се во позиција да ја убедат Атина дека треба да прекине со блокадата за Македонија, вели Бокрош.

На прашањето зошто мисли дека е голема голема грешка да не се дозволи на Македонија да напредува на патот кон членство во ЕУ, тој одговара дека срамота е за Советот што не ја убеди Грција дека тоа што го прави едноставно е смешно. Во 21 век, затоа што не се допаѓа името на друга земја, името на соседот, да го блокира нејзиниот развој. Особено ако земеме предвид дека Грција е многу поголема земја и нема зошто да се плаши од Македонија. Македонија политички никогаш немала територијални претензии кон Грција. Смешно е бидејќи нема никаква закана од земја со два милиона луѓе за друга со 11 милиони, без оглед кое е името. 

Бокрош јавно го повикал Венизелос да ја ослободи Македонија од затворот на грчката политика.

- Да, го повикав. Проблемот го знаете добро, тоа е грчка внатрешна политика. Позицијата на грчката влада е многу кршлива, кревка во услови кога има многу силна екстремно лева и екстремно десна опозиција. Не сакаат да звучат непатриотски ако направат отстапки. Сепак мислам дека тоа е нивна обврска, особено што Грција сега претседава со ЕУ, па немаат избор освен да овозможат напредок за ова прашање. 

Повеќе прочитајте на Дневник.

15.02.2014 - 10:59
Фото: 
Денар.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега