ФОТО: Прилепчанката Паце е најубавата пенизонерка во Македонија!

Во Кавадарци вчера се избираше најубава пензионерка на територијата на нашата земја. Во конкуренција на неколку стотици пензионери, кои вчера го прославуваа празникот Свети Трифун, титулата "Хурем" ја доби 65-годишната Паце Милонас од Прилеп. 

Како што јавува Дневник,  победничката е пресреќна за наградата која е доказ дека жените се убави и во третата доба.

- Многу убаво се чувствувам. Ова ми е драга награда бидејќи докажува дека жените може да бидат убави и во третата доба. И досега сум добивала многу награди за различни работи, сум била избрана и за најдобра и највесела игроорка. Многу јадам зеленчук и овошје, не јадам многу месо, ги постам сите пости. Исто така, многу пешачам. Не е тајна дека користам и козметика, но сепак мислам дека природната убавина е најважна, можеби генот тука има најмногу направено – вели пензионерката за весникот.

15.02.2014 - 11:31
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега