Полицијата демне - казнети 218 возачи

Завчера на подрачјето на Штип, Кочани, Виница, Берово и Делчево се спроведе засилена сообраќајна акциска контрола. Притоа беа контролирани околу 500 возила, и констатирани беа 218 сообраќајни прекршоци.

Издадени се 62 налога и 157 покани за напланта на глоба и впишување на негативни поени. Од таа бројка по основ на нерегистрирани возила евидентирани се 18 прекршока, без возачка дозвола биле затекнати 17 возачи, а 15 возила биле технички неисправни. Исто така 27 возачи ја пречекориле брзината над дозволената со над 30 км/час, потоа 50 возачи и сопатници не користеле појас за врзување, 21 возач возеле возила со невклучени светла, додека пак деветмина возачи разговарале на мобилен телефон.

По основ на непрописно пракирање евидентирани се девет прекршоци, како и други прекршоци за непочитување на сообраќајните правила и прописи.

15.02.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега