Го удрил со скутер па го претепал - штипјанец заврши во болница

На улицата Кежовица во Штип, 59-годишен штипјанец доживеал вистински хорор.

Според податоците од полицијата, се работи за штипјанецот С.Н. кој бил удрен со скутер кој го управувал една година помладиот Д.Ј. при што од ударот истиот паднал на земјата, а потоа слегол од скутерот и го претепал, удирајќи го со клоци во пределот на телото.

Штипјанецот бил веднаш пренесен во Клиничката болница во Штип со тешки телесни повреди.

Полицијата трага по насилникот.

15.02.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега