Се налутил зошто му рекле да го тргне возилото - охриѓанец прегази полицаец

На раскрсницата од булеварот  „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“, синоќа околу 17 часот и 30 минути бил повреден полицаец.

 

Додека бил на должност, полицаецот му дал наредба на 28-годишниот охриѓанец А.Ј. кој бил паркиран на пешачки премин, да го тргне возилото, но истиот одбил, по што се разбеснил, влегол во возилото, го стартувал и со браникот го удрил полицаецот во десната подколеница.

Насилникот за направеното дело ќе си заработи соодветна кривична пријава.

15.02.2014 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега