Сите затруени гостиварчани на сопствено барање заминале од Клиниката

На Клиниката за токсикологија повеќе нема ниту еден од учениците и вработените кои вчера вдишаа непознат гас во економското училиште во Гостивар.

Директорот на Клиниката, Андон Чибишев за НОВА вели дека пациентите требало да останат во болница додека не се завршат сите анализи, но, се чуствувале добро и си заминале. Учениците од клиниката заминале со потпис од родителите.

-Сите си заминаа со потпис и на сопствено инсистирање. Всушност тие немаа никакви други симптоми освен печење и гребење на очите, кашлање, но ниту кај еден од нив лабораториските анализи и другите испитувања не покажаа ништо, изјавува Чибишев. 

За потсетување, вчера попладне по пријава на работник во обезбедување, полицијата дошла во средното економско училиште и почнала истрага, бидејќи неколкумина ученици и вработени се пожалиле на потешкотии со дишењето, солзење и вознемиреност. Првично се знае дека неколкумина непријатната миризба  ја почувствувале од ходникот во кој се наоѓаат соблекувалните, во просторот помеѓу спортската сала и објектот во кои се училниците.

Повеќе за труењето прочитајте тука.

15.02.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега