Грипот ја зеде и петтата жртва во Македонија

Грипот зеде уште една жртва во Македонија. На Клиниката за Инфективни болести  денеска починала 60-годишна пациентка од Охрид, која имала инфлуенца А.

Охриѓанката пред 10 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и со претходно хронично оштетување на белите дробови, со масивна бронхопневмонија, апцеси во слезинката и црниот дроб. И покрај спроведената антивирусна терапија и напорите на лекарите да и го спасат животот, пациентката за жал починала утрово.

На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 113 пациенти, од кои повеќе од половина се со клиничка слика на грип. Од нив 6 лица се на интензивна нега, од кои тројца се приклучени на механичка вентилација.

Ова е петта жртва на грипот сезонава.

15.02.2014 - 14:03
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега