Доделени дипломи за средно образование на 75 Роми

На пригодна свеченост во Делчево беа сумирани резултатите од проектот „Роми, дипломирајте и имајте подобар живот“.

Втора шанса за стекнување  диплома за средно образование преку проектот искористија 75  Роми на возраст од 19 до 40 години, кои  од утре со поголема конкурентност и самодоверба ќе учествуваат на пазарот на трудот.

- Проектот е спроведен во согласност со законските регулативи за образование на возрасните. Од веќе дипломираните средношколци Роми од четирите општини во источниот регион, петмина се вработени во државната администрација, а тројца образованието го продолжија на факултет, изјави Ермина Реџепова од невладината организација „Тернипе МК“ на доделувањето на дипломите.

Овој, како и неколку други проекти,  успешно е спроведен со финансиски средства на   Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта и партиципација од  општините Виница, Берово, Пехчево и Делчево.

15.02.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа