Годинава ќе се градат и реконструираат 15 градинки низ Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска за врмее на посетата на новата Лабораторија на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, каде беше заедно со министерот за образование, Спиро Ристовски, изјави дека годинава Владата планира да започне изградба, да реконструира или да адаптира 15 градинки.

- Ние подготвивме еден проект за градба, реконструкција и адаптации на градинки и во 2013 и во првиот месец од 2014 се изградени, адаптирани и реконструирани вкупно 16 градинки. Осум нови се пред сам почеток на градба или на адаптација или на реконструкција, а седум други се планираат во средината или во втората половина на оваа година да започнат и веројатно за неколку месеци ќе завршат. Практично секоја година ќе тераме една таква динамика, изјави Груевски.  

Премиерот додаде дека претнходните децении овој дел бил прилично запоставен и овој проблем бил запоставуван. 

- Тоа е еден процес којшто долго бил запоставуван. И конечно пред неколку години со фокусирање на Владата на оваа значајна сфера, во одгледувањето и чувањето на децата и нивно растење во една здрава средина, каде ќе имаат сериозна социјализација, ќе научат многу работи, ќе престојуваат во безбедни и здрави услови, Владата се фокусираше и веќе ги имаме првите резултати. Така и ќе продолжиме,изјави Груевски.

15.02.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега