Канческа - Милевска во посета на манастирот „Св. Никола“ во Љубанци

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска денеска ќе го посети манастирот „Свети Никола“ во селото Љубанци.

Стариот конак на манастирот, кој е споменик на културата заштитен со закон, предвидено е годинава да биде конзервиран и реставриран со средства од Министерството за култура.

За време на посетата, министерката ќе биде придружувана од градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, директорката на Конзеваторскиот центар - Скопје, Ема Петрова и од пратеникот Диме Маџовски.

16.02.2014 - 10:17
Фото: 
влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега