Не му дозволиле да фрли ѓубре па им извадил пиштол - пензионер од Скопје направи хаос

 

Пензионер вчера попладне се заканувал со пиштол бидејќи не му дозволиле да фрли ѓубре.

Според податоците од полицијата, се работи за 79-годишниот В.В. кој на улицата Коста Новаковиќ во Скопје, откако излегол да си го фрли ѓубрето, бил прекорен од група млади лица кои му рекле дека тоа не е место за фрлање ѓубре. Скопјанецот толку се разгневил што влегол дома, земал пиштол, и почнал да и се заканува на групата, обидувајќи се да испука куршум.

За делото кео го направил ќе си заработи соодветна кривична пријава.

 

16.02.2014 - 12:56
Фото: 
евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега