Му го испокршил возилото па претепал полицајци - штипјанец дивеел на бензинска

На бензинската пумпа „Ваго Петрол“ на улицата Гоце Делчев во Штип, синоќа околу 2 часот по полноќ 61-годишниот М.Ј. бил физички нападнат од страна на 25-годишниот Д.С. кој му го оштетил такси возилото.

Настанот под контрола се обиделе да го стават двајца полицајци од Штип, но насилникот ги претепал, а потоа во намерата да ја стават ситуацијата под контрола биле спречени од страна на 23-годишниот П.А. и 25-годишниот М.М. исто така од Штип.

Откако биле приведени, кај тројцата насилници при алкотестирање било утврдено дека биле пијани за време на инцидентот.

16.02.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега