ФОТО: Мотоциклистот од Прилеп им подлегна на повредите

За жал, мотоциклистот кој  со својот мотор удри во патничко возило пред поштата во Прилеп, им подлегнал на повредите со кои се здобил во страотната несреќа.

Според информациите на Нова Македонија, се работи за 42-годишниот Зоран С. од Прилеп кој од силниот удар летнал неколку метри во воздухот. Автомобилот "фијат добло" го управувал прилепчанецот З.Н.

Полицијата ги утврдува причините за сообраќајката.

ФОТО:10без10

 

16.02.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега