Брифинг за борбената готовност на АРМ

Во Домот на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи брифинг за борбената готовност на Армијата на Република Македонија за 2013 година.

На брифингот ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ и  командантите на потчинетите команди.

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, на брифингот за борбената готовност ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2013 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето. 

17.02.2014 - 09:07
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега