Поголема безбедност во автобусите на ЈСП - се монтираат 50 снимачи и 15 камери

Неделава ќе започне монтирањето на 50 снимачи и 15 камери во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Како што јавува Канал5, ЈСП склучи договор со фирмата „Кенткарт“ од Турција вреден околу 45.200 евра за набавка на камерите со кои ќе се зголеми безбедноста во јавниот сообраќај.

Камерите ќе и бидат од голема помош на полицијата за инциденти какви што се случија неодамна, кога групи средношколци дивееја и се тепаа во автобусите.

17.02.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега