На кого Маид ќе го посвети утрешниот настап на X-Фактор?

Натпреварувачот на Икс Фактор  Маид Хеќимовиќ утре на шестиот лајф ќе се претстави со една позната балада на популарен хрватски пејач и настапот ќе го посвети на својата девојка Ајла, со која е во врска десет месеци.

-Песната која ќе пеам во вторник кај мене предизвикува посебни емоции, ме потсетува на мојата девојка Ајла која многу ми недостасува додека сум во Белград. Таа е мојата голема поддршка сите овие месеци и бескрајно и благодарам за тоа. Ја очекувам во вторникот во публиката, а со овој настап само ќе ја потсетам колку многу ја сакам…“, рекол Маид.

17.02.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа