Дечињата повредени во експлозијата во Тетово се надвор од животна опасност

Пет дечиња вчера попладне додека си играле на улица во ромското маало во Тетово, биле повредени во експлозија од засега неутвредена направа.

Двете посериозно повредени девојчиња, кои според очевидци се на возраст од 12 и 14 години, се упатени во Клиничкиот центар Скопје, додека другите три се пуштени на домашно лекување. Директорот на тетовската клиничка болница Флорим Бесими изјави дека двете потешко повредени девејчиња имаат посериозни повреди по телото и екстремитетите и по укажаната прва помош, во сериозна здравствена состојба, но стабилни и надвор од животна опасност, пренесе МИА.

Полицијата и јавниот обвинител работат на случајот.

17.02.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа