Полицијата трага по 28 годишно момче осомничено за бомбата во Тетово

Полицијата трага по 28-годишниот Н.К. кого тројца малолетници од ромската населба во Тетово го посочиле како осомничен за вчерашната експлозија која ги потресе тетовчани.

При вчерашниот увид на местото од експлозијата полицијата, јавниот обвинител и екипа на МВР за антитероризам пронашле траги од крв, кратер со одредени димензии, метални фрагменти од непознато експлозивно средство и оштетувања на блискиот сид, додека при претрес на куќата на Н.К била пронајдена граната за рачен фрлач.

За потсетување, експлозијата која го потресе Тетово се случи вчера попладне околу 16 часот и 45 минути, при што пет деца беа повредени, од кои две девојчиња на возраст од 12 и 14 години посериозно. Децата се надвор од животна опасност.

Полицијата работи на случајот.

17.02.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега