Голема хуманитарна акција - подарете ја старата облека на оние на кои најмногу им треба

Невладината организација Урбано општество во соработка со Основното училиште Лазо Ангеловски од општина Аеродром и Министерството за труд и социјална политика организира голема хуманитарна акција. Ќе се собира стара облека и играчки кои подоцна ќе бидат донирани во неколку домови за деца без родители и родителска грижа.
“Акцијата почнува во понеделник (17.02.2014) и ќе трае се до сабота (22.02.2014). Ги повикуваме сите хумани граѓани, да донираат и да придонесат во нашата мисија да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребна нашата помош. Наместо да ја фрлате старата облека или пак да ви собира прав во подрумите, подарете им ја на децата на кои им е потребна, а тие вечно ќе ви бидат благодарни.“ - вели Мартин Серафимов, Претседател на НВО “Урбано општество“
Собирните пунктови ќе бидат поставени во Основното Училиште Лазо Ангеловски во населбата Ново Лисиче во скопски Аеродром.  На 22 февруари, по завршувањето на акцијата, се што ќе биде собрано, ќе биде распределено во неколку од домовите.
Од НВО „Урбано пштество“ апелираат до граѓаните од Општина Аеродром и пошироко масовно да се вклучат во акцијата и уште еднаш на дело да ја покажат својата хуманост

17.02.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега