Приведени три лица за вчерашната експлозија во Тетово - меѓу нив и малолетник

Тетовската полиција ги приведе 46-годишниот Н.К. неговиот 28-годишен син Н.К. и едно 15-годишно момче жителите на ромската населба кај реката Пена во Тетово ги посочиле како директно или индиректно вмешани во активирањето на експлозивната направа која вчера ги потресе тетовчани.

- Во куќата на Н.К. при вчерашниот претрес под кревет во една од собите била пронајдена граната за рачен ракетен фрлач калибар 40 милиметри. Таткото и синот се задржани во полиција а денеска на разговор  е повикан и 15-годишниот малолетник рече Јосифовски, пренесе МИА.

При вчерашниот увид на местото од експлозијата, полицијата, јавниот обвинител и екипа на МВР за антитероризам пронашле траги од крв, направен кратер со одредени димензии, метални фрагменти од непознато експлозивно средство и оштетувања на блискиот ѕид, кои се подигнати и ќе се вештачат.

За потсетување, повредени беа пет деца на возраст од 10 до 14 години кои играле на улицата. Две девојчиња, на возраст од 11 и 14 години, по укажаната помош во тетовската клиничка болница со сериозни повреди по телото и нозете, но во стабилна состојба и  надвор од животна опасност, беа препратени на клиниките во Скопје. 

17.02.2014 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега