Скопје: Влегол преку балкон и украл 180.000 денари

Ограбена уште една куќа во Скопје. Викендов засега непознат сторител се качил преку балкон и влегол во куќата на 65-годишниот З.Т. од Скопје од каде одзел златен накит и се стекнал со 180.000 денари.

Кражбата била извршена на тој начин што крадецот се качил преку балкон, насилно ја отворил вратата, влегол, пребарувал, го зел златото и побегнал во непознат правец.

Полицијата трага по сторителот.

17.02.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега