Голема полициска акција во Липково

Голема полициска акција ги растури нелегалниот обложувачки бизнис во Липково. Како што информира МВР, во саботата во голема акција координирана меѓу полицијата и УЈП извршена е конторла во 4 спортски обложувалници при што е консгтатирано дека сите работат нелегално. 

„Спроведена е акциска контрола во четири спортски обложувалници на подрачјето на Општина Липково и тоа во селата Оризаре, Отља, Матејче и Опае при што е констаирано е дека сите објекти работеле нелегално без лиценца за работа издадена од Министерство за финансии, односно не поседуваат решение за наплатно-исплатно место согласно Законот за игри на среќа, ниту пак имаат фискални каси“ - информира полицијата.

Од МВР најавуваа декат против организаторите и сопствениците на спортските обложувалници ке бидат поднесени соодветни пријави, додека пак од страна на УЈП ке бидат изречени соодветни глоби.

 

17.02.2014 - 12:53
Фото: 
Архива

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега