Пратеник на Златна Зора исфрлен од Собранието бидејќи извикувал „хајл Хитлер“

Пратеник на Златна Зора утрово бил исфрлен од Собранието во Грција бидејќи извикувал “хајл Хитлер“.

Се работи за пратеникот на Златна Зора,  Панајотис Илиопулос  кој упатил навреди кон Ципрас, а потоа и го употребил нацистичкиот поздрав.

Тој на излегување од салата извикувал “хајл Хитлер“.