Земјотрес го стресе радовишко

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала утрово околу 7 часот и 54 минути е почувствуван во Радовиш и околината.

Како што соопштува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот бил на 75 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје.

17.02.2014 - 13:57
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа