Претседателот Иванов се информираше за борбената готовност на АРМ

Во Домот на АРМ во Скопје, денеска се одржа брифинг за борбената готовност на АРМ за 2013 година, на која присуствуваа претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов.

Македонскиот претседател од страна на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Котески, беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2013 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, моралот, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, планирањето, врските и комуникациите, буџетирањето и цивилно-воената соработка. Посебнобеше истакнато  успешното извршување на клучните задачи и проекти на Армијата кои ја одбележаа измината година, како што се: имплементација на новата структура на АРМ, целосно опремување на Армијата со новата борбена униформа, успешно извршување на меѓународните мисии надвор од Република Македонија, асистенција на институциите при елементарни непогоди и спасување, донесување на голем број на правила и упатства со доктринарен карактер и за регулирање на несметано извршување на сложени задачи и зајакната регионална и меѓународна меѓуармиска соработка.

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник  Котески побарал да се отпочне со процесот на модернизација на АРМ, согласно Долгорочниот план за модернизација во одбраната, кој е усвоен во декември 2013 година од страна на Владата на Република Македонија. Побарал и поголема одговорност и реално согледување во однос на одбраната и состојбата на АРМ од сите субјекти и институции во Република Македонија кои имаат надлежност согласно Уставот и законите.

На средбата освен претседатело Иванов присуствуваа и  началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, претседателот на комисијата за одбрана и безбедност во Собранието Влатко Ѓорчев, командантите на потчинетите команди и единици и клучниот персонал од МО и ГШ на АРМ.

17.02.2014 - 15:10
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега