ВИДЕО: Половина од работните места до 2034 година ќе бидат роботизирани!

Речиси половина од сите работни места би можеле да бидат автоматизирани со помош на комјутерите во период од само две децении. А најстрашно од се е тоа што ниту една од владите не е подготвена за ваквата промена.

Денешните анализи на експертите за иднината, за влијанието на технологијата на човечкото општество отсликуваат прилично црна слика за тоа што не очекува.

Ваквата анализа предвидува губење на работни места, нешто слично како индустриската револуција во 19 век и револуцијата на производството на храна во 20 век.

Но ритамот на промени овој пат се чини дека е без преседан. А резултатот е огромна количина на неизвесност за развивање и голем број на изгубени генерации кои тешко дека ќе можат да најдат работа.

Во едно истражување кое го има направено светското бизнис списание Економист, во моментов стапката на невработеност на светско ниво е енормно висока, но, ова технолошко пореметување на пазарот штотуку е започнато.

Конкретно Економист укажува на новата технологија како што се возачите на автомобили, подобрените кујнски направи, брзината на онлајн комуникациите, и анализите на подрачјата во кои луѓето брзо можат да се надоместат. 

17.02.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега