Вељановски се сретна со стипендистите на Програмата-ИПС

Собранискиот спикер Трајко Вељановски како покроводител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија на германскиот Бундестаг,  денеска ги прими годинешните стипендисти од Република Македонија, Ивана Васева и Дејан Чуповски, предводени од амбасадорот на СР Германија, Гудрун Штајнакер.

Вељановски на приемот го изрази своето задоволство што е дел од оваа програма која со се реализира од 2001 година и низ која можност за студиски престој во Германија имале 40 млади луѓе од Македонија.

ИПС е традиционална активност на германскиот Бундестаг, односно проект на Германскиот парламент кој заедно со Техничкиот универзитет, Слободниот Универзитет и Универзитетот Хумболт од Берлин, дава можност на млади луѓе со завршено универзитетско образование од земјите од Југоисточна Европа да се запознаат со парламенарниот систем на Германија. Учесници во овој проект се политички и општествено ангажирани млади луѓе од повеќе земји (28) на Централна, Источна и Југоисточна Европа, со интерес за работа во државната администрација или пошироко во јавниот живот на нивната земја.

Селектираните кандидати директно работат во кабинетите на германските пратеници за време од пет месеци (од 1 март до 31 јули). Тие се вклучени и запознаени со работата на пратеникот во целост. Учестуваат во негова подготовка за разни активности, заедно со останатите негови службеници.

 Македонија секоја година обезбедфува од две до три стипендии.

 Од 2008 година селектираните кандидати пред да заминат во германскиот Бундестаг, прво се запознаваат со работата на Собранието на Република Македонија, со што Собранието е едно од ретките парламенти кои им обезбедува ваква можност на избраните стипендисти.  

 Трајко Вељаноски на годинешните стипендисти им посакал успешен престој во СР Германија и во Бундестагот изразувајќи убеденост дека преку оваа програма ќе се стекнат со поголемо искуство.

17.02.2014 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа