Собра 10.000 потписи: Поповски дефинитивно ќе “грми“ за Стевчо Јакимовски

 

Професор д-р Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) ги собра потребните 10 илјади потписи за да се кандидира на претседателските избори, кои ќе се одржат на 13 април годинава.

Како што информираат од ГРОМ, Поповски успеал да влезе како прв кандидат кој формално-правно ги исполнува законските услови за кандидатура, откако за само ден и пол собрал над 10.000 потписи од граѓаните од цела Македонија.

Според лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ова е голем успех за партијата, со што граѓаните покажале дека знаат да ја препознаат и поддржат третата политичка опција.

Јакимовски им посака успех и на останатите кандидати кои собираат потписи за влез во претседателската трка.

- Ќе биде добро доколку и останатите независни кандидати успеат да ги исполнат условите и се кандидираат за овие избори, бидејќи на тој начин граѓаните на Република Македонија ќе имаат поголем избор и ќе има поголем политички натпревар на претседателската сцена, рече Јакимовски.

18.02.2014 - 08:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега