Крвав понеделник: Осум сообраќајки на скопските улици

 

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди.

Во пет од сообраќајните незгоди била предизвикана само материјална штета. Една од несреќите резултирала со тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице и едно лице заработило полесни телесни повреди. Се случиле и две незгоди со последица телесни повреди во кои повреди заработиле четири лица.

На подрачјето на Град Скопје вчера се случила уште една незгода со мала материјална штета во која бил пополнет Европскиот извештај.

 

 

18.02.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега