Сообраќајот во Скопје ќе се поремети - ѕирнете по кои улици ќе треба да возите

За денеска e најавен вонреден настан кој ќе донесе промени во сообраќајот во Скопје.

Според информациите од полицијата, во 10 часот е закажан протест на организирана група на стечајци и технолошки вишок пред зградата на ССМ од каде по ул. „Кеј 13 Ноември“ ќе се упати пред Владата на Република Македонија.

За време на протестот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот на бул. „Филип Втори Македонски“, ул. „11 Октомври“, „Кеј 13 Ноември“, бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Илинден“.гв/цр/8:47 

 

18.02.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега