Во кој партизански филм има најмногу жртви?

Партизански филм во кој има најмногу жртви е „Битката на Неретва“ во режија на Вељко Булајиќ, каде околу 240 луѓе го загубиле животот на филмското платно.

Доколку на Булајиќ му се впишат и „убиените“ од „Козара“, се добива бројка од 400 лица, што е сериозен дострел дури и во светски размери.

Нешто помалку актери и статисти, околу 200, „загинале“ во „Ужичка република“.

Ако се земе предвид дека во снимањето на „Битката на Неретва“ учествувал комбиниран баталјон на тогашната ЈНА со 10.000 војници, и дека се уништени четири посебно конструирани села, една тврдина и податокот дека во тоа време „Битката на Неретва“ во продукциска смисла беше најголем европски филм, не е чудно што можеле да се снимаат толку масовни борбени сцени.

Билансот на жртвите во „Битката на Неретва“ изнесува 240, во „Ужичка република“ - 205, во „Козара“ - 160, а во „Сутјеска“ - 150.

Доколку станува збор за актер кој во партизанските филмови убил најмногу луѓе, секако тоа е Велимир Бата Живојиновиќ, бидејќи тој играше во најмногу филмови, повеќе од 200.

Доколку се погледне странската продукција, тогаш Питер Џексон доминира кога се во прашање убиства на филм. Во „Господар на прстените:Враќањето на кралот“ има дури 863 загинати и тоа е неофицијално филм со најмногу убиени ликови, забележани од филмска камера. 

 

извор:миа.мк

18.02.2014 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега