Чикаго стави крај на извонредната серија на Мајами

Одличен натпревар кај домашните одиграа Луол Денг со 28 поени, Карлос Бузер постигна 21. Најефикасен на натпреварот и во гостинската екипа беше Леброн Џејмс со 32 поена. Со оваа победа Чикаго го обезбеди плеј офот.

Резултати на ноќешните НБА натпревари: Торонто - Атланта 88:107, Филаделфија - Милвоки 100:92, Шарлот - Орландо 114:108, Кливленд - Бостон 92:93, Њујорк - Мемфис 108:101, Чикаго - Мајами 101:97, Њу Орлеанс - Лос Анџелес Клиперс 91:105, Хјустон - Индијана 91:100, Оклахома Сити - Вашингтон 103:80, Минесота - Лос Анџелес Лејкерс 117:120, Сан Антонио - Денвер 100:99, Јута - Феникс 103:88, Голден Стејт - Сакраменто 98:105 и Портланд - Бруклин 93:111.

Вечерва се играат три натпревари: Милвоки - Лос Анџелес Лејкерс, Далас - Индијана и Феникс - Сакраменто.

Пласман Источна конференција: Мајами 56-15 (победи-порази), Њујорк 44-26, Индијана 45-27, Бруклин 42-29, Чикаго 39-31, Атланта 40-32, Бостон 37-34, Милвоки 34-36,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 54-17, Оклахома Сити 53-19, Лос Анџелес Клиперс 49-23, Денвер 49-24, Мемфис 47-24, Голден Стејт 41-32, Хјустон 39-32, Лос Анџелес Лејкерс 37-35, Јута 36-36, Далас 35-36.

 

најчитано сега