Венизелос: Ќе направиме се, Србија да не заостанува во евроинтеграцискиот процес!

 На денешната средба помеѓу грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и српскиот премиер во оставка Ивица Дачиќ изразија надеж дека Србија за кратко време ќе ги исполни условите и во 2020 година ќе стане членка на ЕУ.

Венизелос вети дека неговата земја за време на претседавањето со ЕУ ќе направи се Србија да отвори што е можно повеќе поглавја.

- Ние ќе направиме се, иако во тек е предизборна кампања, Србија да не заостанува во евроинтеграцискиот процес и во реформите кои треба да ги спроведе, како и дијалогот со Приштина, истакна Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија.

Тој додаде дека Србија сака до 2018 година да ги исполни сите технички предуслови и критериуми, а во 2020 година да може да стане членка на ЕУ.

Венизелос нагласи дека Атина, и по завршувањето на мандатот како претседавач со ЕУ, ќе направи се што е потребно за да се задржи ритмот на преговорите со Србија на високо ниво.

18.02.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега