Актерот Џејмс и го скрши срцето на Тејлор Свифт - ја завел, и ја одзел невиноста па ја оставил

Извор близок на младата пејачка Тејлор Свифт пред извесно време и откри на јавноста дека на својот 21 роденден ѕвездата доживеала немил настан кој и го скршил срцето.

Наводно славниот актер Џејк Гиленхал со кој ја изгубила невиноста бил причината за скршеното срце. Откако тие воделе љубов тој ја оставил Тејлор не појавувајќи се на дочекот на нејзиниот 21 роденден.

Тејлор таа ноќ ја поминала на подот од бањата плачејќи цела вечер!

Пејачката својата невиност ја чувала за првата брачна ноќ но кога го запознала Џејк била сигурна дека тој бил вистинскиот за неа но очигледно се излажала.

Денес 24 годишничката има зад себе низа успешни албуми за пропаднатата љубов која ја инспирирала за албумот "Red", благодарение на кој ја освои публиката.

Наводно песната "The Moment I Knew" во целост е посветена на Џејк, по кого Тејлор многу патела. После него беше поврзувана со многу познати заводници, од кои последен и беше Хари Стајлс од "One Direction".

18.02.2014 - 15:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега