Кои скопски населби утре ќе останат без струја?

Неколку Скопски населби утре ќе останат без електрична енергија.

Дел од корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:15 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари, а од 9:30 до 15:30 и од 9 до 15 часот делови од селата Бојане и Глуво.

Како причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, го истакнуваат изведувањето инвестициски зафати во дистрибутивната електро-енергетска мрежа од страна на ЕВН Македонија.

18.02.2014 - 16:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега