Нобило: За голема среќа во Србија и Хрватска немаше геноцид

На територијата на Хрватска за време на војната во ’90-те години од минатиот век не беше извршен геноцид ниту врз Хрватите, ниту врз Србите и затоа и тужбата и противтужбата се правно неосновани, изјави хрватскиот адвокат Анто Нобило.

Имено оваа го посочи за време расправата пред Меѓународниот суд за правда во Хаг за взаемните тужби на Хрватска и Србија за геноцидот за време на војата во Хрватска, од 1991 до 1995 година, која почнува на 3 март.

Нобило нагласи дека би било попаметно тужбите да се повлечат, бидејќи геноцид за среќа немало и според него правната ситуација е неспорна и таа произлегува од праксата на меѓународните судови.

- Од калкулациите на двете влади и одлуките за повлекување на тужбите излегуваме од доменот на правото и влегуваме во сферата на чистата политика – тајминг и момент кога на владите на Хрватска и Србија им одговара да направат таков чекор и да ги повлечат тужбите, а при тоа себе си да не си нанесат политичка штета, нагласи Нобило.

Тој вели дека овој процес е продолжување на воените настани од ’90-те години и сигурно ќе доведе до дополнително заладување на односите, иако би требало да биде нешто сосема спротивно.

“Србија е наш сосед, тргна кон Европската унија, ние сме веќе таму и наш интерес би бил Србија да влезе во ЕУ и нашите односи да бидат партнерски, пријателски и срдечни. Тоа ќе биде тешко, но имаме сериозна парница со мошне тешка тема” ,вели Нобило.

19.02.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега