Пајакот прави парче - еве колку автомобили „лапнал" вчера во Скопје

Пајакот повторно прави парче на скопските улици. Со специјалното возило биле отстранети 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција вчера казнила пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди  во кои има 9 повредени лица.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Живко Брајковски“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

19.02.2014 - 09:53
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега