Речиси милион патници на „Александар Велики“ - каде најмногу патувале Македонците лани?

Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме се петте дестинации каде што во минатата година најмногу патувале македонските граѓани од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Ова денеска беше истакнато на прес-конференција на ТАВ Македонија.

Во текот на минатата година, имало зголемување кај бројот на патници за 20 проценти, со што бројката достигнала  984.407, а најголемиот број од граѓаните се превезуваат со „Визер“, потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“ и „Пегасуз“.

- Од 2010 година бројот на патници е зголемен за 44 проценти. Во последните три години бележиме просечен раст од 10 проценти, а највисокиот просечен раст во Европа е пет отсто, истакна Алпер Тунгај Ерсој, заменик директор на ТАВ Македонија.

Според  генералниот директор Зоран Крстевски, 2013 година е успешна не само по бројот на патниците, туку и по безбедноста и сигурноста во авиосообраќајот.

За оваа година ТАВ најавува нови директни летови од Скопје до Париз, до Келн, Франкфурт, Брисел и Рим.

19.02.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега