Македонско - бугарската стопанска комора ја поздравува заложбата на владите за Коридорот 8

Македонско - бугарската стопанска комора по средбата со премиерите од регионот во Лондон, во организација на ЕБОР, изјави дека ја поддржува решеноста на владите на двете земји за поитно завршување на Коридорот 8 во правец Куманово-Софија.

Беше побарана целосна изградба на модерна инфраструктура како услов за интензивирање на економската размена и замената деловна доверба. Тоа, според МБСК, би бил и јасен гест на добрососедска политика која води сметка за интересите на своите граѓани и нивниот економски просперитет.

Потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде посебен стимул за евроатланскиот пат на Македонија, оцени комората.

19.02.2014 - 13:31
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега