Февруари се покажа како среќен месец - гостиварчанец ја доби премијата 6+1

14 то коло  на НОВОЛОТО кое се емитуваше на 15.02.14 на Сител Телевизија, донесе уште еден член во семејството среќни добинтици на Државна лотарија на Македонија.

  Гостиварчанецот кој сакаше да остане анонимен, е добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14то коло. Среќното Новолото ливче кое го донесе додобивката гоуплатил на 13.02.14 во 123010 Тобако-Аде, во Гостивар. Тој е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, најчесто игра лото, но се радува и и на инстант лотариите.

 

 Само за потсетување, минатата година во играта НОВОЛОТО  остварена е една седумка во вредност од над 282.000 евра уплатена во Скопје во Монас Трејд на улица Македонија, девет добивки 6+1 постигнати во различни градови низ Република Македонија, 272 добивки за шест погодоци 6ки, 11. 279 добикви за пет погодоци и 15.839 добивки за четири погодоци. 2013та беше заокружена со бројката од над 1.000.000 евра во постигнати и доделени добивки во 2013та и тоа само на играта НовоЛото, додека дополнителната игра НовоЛото Џокер чии извлекувања се реализираат во истата ТВ емисија, веднаш по извлекувањата на НовоЛото, носат посебна среќна приказна. Со ова играта НовоЛото е високо на почесното место - омилена игра на македонските ѓраѓани која ја носи највисоката премија во Македонија. 

 

 Февруари се покажа како среќен месец  во 2014. 13тото ја донесе добивката Џокер 5 погодоци, 14тото коло добивката 6+1, дали вечерашното 15то коло ќе не запознае со најпосакувата премија 7ка?

 

Во моментов премијата за 7ка на НовоЛото изнесува над 21.653.000 денари. Уплатата е во тек. Вечерашното 15то коло со нетрпение го очекуват сите, стандардно на Сител Телевизија во 20часот со прекрасната Новолото водителка Марјана Станојкоска.

19.02.2014 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега