Проверете дали утре ќе останете без струја

Дел од корисниците од улиците „Блажо Орландиќ“ и „Мите Богоевски“ во општина Аеродорм утре од 11 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. 

Од 9 до 11 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат и сите стопански и нестопански објекти во селата Батинци, Драчевица и Цветово и Мобимак во селата Цветово, Црвена Вода, Палиград и Алдинци, како и објектите во селата Горно и Долно Количани, Пагаруша и Вртекица  во општина Студеничани.

Од 8:30 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селата Арачиново, Мојанци и Орланци во општина Арачиново, од 9 до 14 часот, стара Чаршија - улиците „Златарска“, „Београдска“ и „Евлија Челебија“ во Старата чаршија, како и потрошувачите околку Куршумли ан.  Од 6 до 7:00 часот без струја ќе се и делови од Индустриската зона Визбегово, Злокуќани и Момин Поток, какои објектите на МакКар, Кадис и Европа во општина Карпош и дел од зградите на улицата „Босна и Херцеговина“ во општина Чаир.

Во периодот од 9 до 13 часот без напојување ќе бидат и дел од корисниците од  илицата „Алекса Демниевски“ во близина на подулица 15 во општина Ѓорче Петров,  од 9 до 15:30 часот улица „1“ во село Кондово, а од 8:30 до 15:30 часот и  дел од корисниците од улица „Дамаска“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради изведување инвестициски зафати за подобрување на мрежата  од страна на ЕВН Македонија АД

19.02.2014 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега