ВИДЕО/ФОТО: Беспилотно летало го сними хоророт во Киев
Според последните информации, демонстрантите заплениле 1500 парчиња долги цевки и околу 10,000 куршуми. Фотографиите и видео материјалот од Украина се главна вест на сите светски и водечки медиуми. На улиците во Киев владее улична борба меѓу полицијата и демонстрантите. Најмалку 26 луѓе се мртви а над 100 се повредени. Повеќе од 351 лице побарало помош во болниците во градот. Од нив 79 се полицајци и пет новинари. Војската праќа полни авобуси со цел да стави ред на хаосот.