Македонските ракометари се подготвуваат за дуелите со Шпанија

На повикот на селекторот Ивица Обрван се јавија повеќето играчи со исклучок на интернационалците Кирил Лазаров и Борко Ристовски, кои утре со своите екипи играат натпревари во АСОБАЛ лигата и во Бундес лигата.

- Не очекува многу работа, а има малку време за подготовки. Оваа репрезентација ако на тактички план одигра како треба имаме шанси да останеме непоразени во дуелот со светскиот првак Шпанија, која во секој случај е фаворит. На подготовките додека да ни се приклучат Лазаров и Ристовски, повикани се играчите на Металург Петар Ангелов и Милан Левов, истакна селекторот Обрван.

Меѓу играчите беа и повратниците во репрезентацијата: Горан Кузмановски, Лазо Мајнов, Владо Недановски и Петар Анелов, кои не беа дел од играчите кои се подготвуваа за Светското првенство во Шпанија.

Македонската репрезентација попладнево ќе тренира во салата „Кале“, а во текот на викендот тренинзите ќе се одржат во салата во Автокоманда. Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се тренира од понеделник бидејќи поради Куп завршницата во кошарка салата е зафатена.

Натпреварот Македонија - Шпанија се игра на 3 април со почетокот во 17 часот и 45 минути.

најчитано сега