Внимавајте: Опасен вирус се шири на facebook

Опасен вирус деновиве се шири преку најголемата социјална мрежа facebook. Фан страните, профилите и отворените групи се полни со линкови кои наводно водат до порно снимка на некој од мегапопуларните светски пејачи и актери.
Обично се таргетираат постови со висока популарност и на нив, се поставуваат линковите. Љубопитните корисници на facebook ги кликаат линковите надевајќи се дека ќе ќе видат видео од домашната архива на познатите ликови, но наместо тоа, веднаш се „заразуваат“ и потоа без ништо да прават од нивниот профил вирусот се шири и автоматски се постира на профилите на нивните пријатели и на страните каде што се фанови. 
На тој начин, листата на пријатели брзо им се намалува, бидјеќи никој не сака да гледа на својот timeline линковикои водат до наводнипорно видеа, па овие корисници добиваат блокови и банови од админите на фан страните.
Затоа, коа ќе видите ваков линк имајте предвид дека станува збор за вирус и дека освен штета, нема ништо ново да видите. 

најчитано сега