За еден ден девет сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди.

Шест од сообраќајните незгоди се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди во која со телесни повреди се здобиле три лица – двајца возачи на моторни возила и еден сопатник. Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице – пешак.

На скопските улици се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера казнила 26 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и пет пешаци кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци за пешаци. Казни заработиле и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани – учесници во сообраќајот кои сториле прекршок во својство на пешаци.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Климент Охридски и ОУ „Живко Брајковски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение. 

20.02.2014 - 08:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега