СДСМ лобира кај странските амбасади против предвремени избори

Како се наближуваат деновите во кои ќе мора да се донесе одлуката за тоа дали Република Македонија оваа пролет ќе оди и на предвремени избори, очигледно расте нервозата кај оние политички структури кои се против одржување на предвремените избори, а пред се во редовите на СДСМ, јавува Курир.

Раководството на оваа партија долго време се надеваше дека ќе успее да ги убеди партиите на Албанците во Македонија да не дадат поддршка или да не иницираат одржување на парламентарни избори, а со тоа да успее да избегне очигледен пораз.

Медиумите повеќе пати пишуваа дека ставот на ДУИ, но и на ДПА, во последните месец дена е јасен и дека двете партии не би имале ништо против, туку спротивно дури и дека се афирмативни за одржување на избори.

Во такви комплицирани односи, во кои скоро сите партии во Македонија, освен СДСМ, потенцираат дека не би имале ништо против одржување на предвремени избори, на виделина излегува нова стратегија на СДСМ.

Според добро упатени дипломатски извори од неколку клучни амбасади и дипломатски преставништва во Скопје, раководството на СДСМ нескриено, во последните дваесетина дена лобира против идејата за одржување на избори. Оваа активност СДСМ се обидува да ја протурне и кај европските и кај останатите дипломати. Целта било, по секоја цена, да се најде начин да не се одржат предвремени парламентарни избори.

Според нашите информации, дипломатите во Скопје ја знаат оваа желба на СДСМ но никој дал позитивен одговор заради принципиелниот став против мешање во внатрешните демократски процеси во државата.

 

 

20.02.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега