Скопје: Подгответе се за гужви во сообраќајот и многу полиција

По повод верскиот празник Задушница, денеска попладне и во текот на утрешниот ден се очекува поголем прилив на граѓани кон гробиштата во Скопје што значи поголем интензитет на сообраќајот, информираат од сообраќајната полиција. Од овие причини, најавуваат оттаму, ќе биде засилено присуството на полицијата со цел зголемена безбедност и проточност на сообраќајот.

Во недела, пак, со почеток во 18 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар меѓу екипите на Металург и Барселона. За да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

21.02.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега